Компанијата „Tesla“ изгуби 140 милиони долари во Биткоини

Точка

01/02/2023

17:47

7.676

Големина на фонт

а а а

На почетокот на 2021 година компанијата во Биткоин вложила 1,5 милијарди долари, а извршниот директор Илон Маск изјавил дека криптовалутата ќе биде прифатена како платежно средство.

Компанијата за американскиот регулатор потврдила дека вкупно изгубила 204 милиони долари на Биткоин, иако 64 милиони долари веќе се вратени преку тргување.

На почетокот на 2021 година компанијата во Биткоин вложила 1,5 милијарди долари, а извршниот директор Илон Маск изјавил дека криптовалутата ќе биде прифатена како платежно средство.

Како што пренесува „N1“, Маск го променил курсот неколку недели подоцна, а „Tesla“ од тогаш продала поголем дел од своите Биткоини и сега во таа валута има околу 184 милиони долари.


Маск бил меѓу најистакнатите шампиони во криптовалути, а неговите изјави на социјалните мрежи често поттикнуваат значајна трговска активност.

Купувањето на Биткоин на „Tesla“ во февруари 2021 година предизвикало зголемување на цената на криптовалутата за повеќе од 25 проценти на 48.000 долари – рекордно високо ниво во тоа време.


Вредноста повторно пораснала во март истата година, кога Маск на Твитер напишал дека „Tesla“ ќе им дозволи на купувачите да купат автомобил користејќи Биткоин.

Тоа им овозможила на луѓе во САД да обезбедат нарачки со еквивалентен депозит од 100 долари во Биткоин, но криптовалутата два месеци подоцна паднала за повеќе од 10 проценти, кога компанијата се откажала од тој план, наведувајќи ја загриженоста поради климатските промени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг