Италијанскиот мразокрчаш отплови до најјужната точка досега

Точка

31/01/2023

14:51

13.876

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот мразокршач „Лаура Баси“ отплови до најјужната точка до која некогаш стигнал брод и со тоа постави нов рекорд.

Истражувачите и техничарите на бродот, за време на океанографската кампања на 38-та италијанска експедиција на Националната програма за истражување на Антарктикот, во рамките на Заливот на китовите, отпловиле до досега неистражена локација во Росовото Море.


Добрите временски услови овозможиле изведување на научни активности во близина на ледената покривка на Рос, која е особено ниска на оваа локација и е висока околу осум метри. Ледената покривка Рос е најголемата ледена покривка на Антарктикот, зафаќа површина од приближно 487.000 km² и широка е 800 km, речиси колку Франција. Дебела е неколку стотици метри.


Речиси вертикалниот леден раб се протега на отворено море на повеќе од 600 km и е помеѓу 15 и 50 m надморска височина, додека 90 проценти од покривката е под нивото на морето. „Лаура Баси“ е единствениот италијански мразокршач за океанографски истражувања кој е квалификуван да работи во поларните мориња, и на Антарктикот и на Арктикот.

Тој е во сопственост на Италијанскиот национален институт за океанографија и експериментална геофизика.




Спонзорирани линкови

Маркетинг