Како „Netflix“ ќе ги спречува корисниците да ја делат својата лозинка

Точка

30/01/2023

22:35

9.631

Големина на фонт

а а а

„Netflix“ наскоро планира да почне „да се пресметува“ со претплатниците во САД кои ја делат својата лозинка за стриминг услугите до крајот на март. Но, се поставува прашањето како тоа точно ќе функционира.

Првите извештаи и тестови во други земји сугерираат дека обидите за одвраќање од делење на лозинките ќе бидат релативно благи во почетната фаза, а ќе се потпираат на комбинација од технологија и корисничка совесност за оние кои прекумерно ги делат податоците да се натераат да платат повеќе за таа повластица.

„"Netflix“ веројатно ќе ја користи географската локација на лицата, одредена со IP адресата на било кој уред споен на интернет, за да се открие кои луѓе се сметаат за членови на домаќинството и кои живеат заедно“, рекла новинарката на „Insider“ Сара Сарил за „CBS News“.

„Луѓето кои не живеат во вашето домаќинство ќе мора да користат сопствен профил за гледање на „Netflix"“, стои на веб страната.


Построги правила

„Netflix“ минатата недела им кажал на инвеститорите дека ќе воведе построги правила за делење до крајот на март. Повеќе од 100 милиони домаќинства моментално делат лозинки за „Netflix“, соопштил сервисот. „Тоа ја поткопува нашата долгорочна способност за вложување и подобрување на „Netflix"“, наведува компанијата во соопштението.

Ова претставува голем пресврт за компанијата која пред шест години на Твитер објавила: „Љубов е делење на лозинка“. Поради тоа раководителите на компанијата се свесни дека веројатно ќе дојде до одредени реакции од корисниците.

„Ова нема да биде универзално популарен потег, така што ќе постојат корисници кои не се задоволни со овој потег. Како реакција на одлуката, ќе видиме и откажувања на претплати“, им рекол на инвеститорите Грег Петерс, неодамна промовиран како ко-извршен директор на „Netflix“.


Платформата овој модел претходно го започнала во Јужна Америка каде го ограничила делењето на лозинките и побарала од членовите да платат дополнителен надомест за делење на лозинките со луѓе кои не се членови на нивните домаќинства, што резултирало со тоа некои корисници да ги откажат профилите на „Netflix“.

Компанијата предвидува нешто слично и во САД. „Од нашето искуство во Јужна Америка очекуваме реакција на откажување на сите пазари кога ќе го воведеме дополнителното плаќање“, соопштено е од компанијата.

Од компанијата се свесни дека новата политика е голема промена за корисниците, и се обидуваат да го ублажат ударот рекламирајќи нови опции чија цел е преминот да го направат помалку болен.


„Netflix“ не навел колку би можеле да чинат т.н потпрофили. Меѓутоа, во пробите во Чиле, Костарика и Перу, потпрофилите ги зголемија месечните трошоци на профилите за една четвртина или една третина, пишува „Variety“. Американските аналитичари кои ја следат компанијата очекуваат дополнителна надомест за членовите од околу 3 до 4 долари месечно.

Ако Netflix открие дека премногу локации ја користат истата сметка, ќе бара од корисниците да „потврдат“ некои уреди преку кодови за автентикација.

„Кога уред надвор од вашето домаќинство се најавува на сметката или се користи редовно, може да побараме од вас да го потврдите тој уред пред да може да се користи за гледање на Netflix“, велат од компанијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг