Се сеќавате ли на ќерката на Обама? Саша ја нарекуваат модна икона – еве зошто

Кармин

24/01/2023

16:26

7.393

Големина на фонт

а а а

Саша Обама ретко се појавува во јавноста, но речиси секогаш кога медиумите ја фотографираат на улица, социјалните мрежи го фалат нејзиниот опуштен стил на облекување.

Саша Обама е една од двете ќерки на поранешниот американски претседател Барак Обама и првата дама Мишел, која го привлекува вниманието на медиумите и следбениците на социјалните мрежи со својот препознатлив едноставен моден стил.

Модните комбинации што ги носи дваесет и двегодишната Саша на многумина им се интересни најмногу поради боите, а потоа и различните стилови кои ги комбинира. Па така, на социјалните мрежи можеме да ја видиме како носи широки фармерки, шарени џемпери и здолништа, платнени чанти и патики.

Твитер корисниците често пишуваат дека таа е модна икона, а нејзините верни следбеници секој пат со ентузијазам коментираат на новите фотографии кои ги објавуваат медиумите. Многумина ја ценат нејзината скромност и често истакнуваат дека речиси никогаш не се шминка.

Иако таа и нејзината постара сестра Малија Ен водат мирен живот и не се појавуваат често во јавноста, понекогаш медиумите сепак успеваат да ги фотографираат овие две сестри.

Инаку, сестрите го загубија правото на заштита на Тајната служба откако Барак ја напушти Белата куќа. Тие се обидуваат да живеат нормален живот и не се однесуваат како ѕвезди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk