Никогаш не беше „принцеза на народот“, но затоа ќе стане кралица: Патот е долг – од љубовница до трон

Кармин

24/01/2023

15:16

3.809

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа дали му се допаѓа на народот или не, Камила Паркер во мај ќе ја добие својата круна.

Бакингемската палата потврдила дека сопругата на монархот – Камила Паркер (75), ќе биде крунисана кога тоа ќе биде направено и со нејзиниот сопруг – кралот Чарлс. Заедничката церемонија на крунисување ќе биде одржана на 6 мај годинава.


Во официјалното соопштение кое го издале, палатата го соопштила следното:

„Крунисувањето на неговото височество кралот и нејзиното височество кралицата, сопруга на монархот, ќе се одржи во Вестминстерската палата на 6 мај 2023 година. Службата ќе ја води надбискупот од Кантербери. Како што претходно беше најавено, службата ќе ја рефлектира улогата на монархот денес, но ќе се осврне и на иднината, додека истата ќе биде вкоренета во долготрајната традиција и раскош“.


Сè уште не е потврдено која круна ќе ја носи Камила во текот на овој единствен настан, но според традицијата кралот Чарлс Трети ќе ја носи круната на свети Едвард кога официјално ќе биде крунисан за крал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk