(Фото) Само таа може да облече искинати тренирки и високи потпетици и да изгледа одлично

Кармин

24/01/2023

15:06

5.182

Големина на фонт

а а а

Сара Џесика Паркер моментално ја снима втората сезона на серијата „And Just Like That“, а во новите сцени на улиците на Њујорк друштво ѝ прави Сарита Чаудри.

Фотографите ги „уловиле“ актерките на пауза од снимањето, која ја искористиле за правење фризури, а бојадисаните коси и дождот кој паѓал не ги спречил да излезат пред салонот и да си поразговараат.


Во новите сцени од серијата, Сара Џесика Паркер покажа уште една модна комбинација која привлече погледи. Таа носела тренирки во сива боја кои биле искинати на долниот дел од ногавиците. Но, и покрај таквата стара тренирка, големата љубителка на чевли и во серијата и во реалниот живот, носела шпиц високи потпетици во црна боја кои изгледаат отмено и елегантно - па дури и кога се носат во ваква комбинација.


Во еден момент, популарната Кери Бредшо носела и црни гумени чизми на брендот „Hunter“ кои се идеални за дождливите денови.

Лежерниот стајлинг го надополнила со виолетова блуза и со дебел сребрен ѓердан, а во рацете носела мала црна чанта украсена со шарени каменчиња и книгата „Aue“ на новозеландската писателка Беки Манавату.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk