Кајли Џенер носела џиновска лавовска глава закачена на нејзиниот црн фустан на ревијата на Schiaparelli на модната недела во Париз.
Ријалити ѕвездата го привлекла вниманието со огромен кадифен моден додаток додека позирала пред фотографите пред ревијата која денеска се одржа во Париз.
Хипер-реалистичната лажна животинска глава била сошиена на предниот дел на модерен црн кадифен фустан без прерамки, кој ја истакнува нејзината фигура и облини. Кајли изданието го комплетирала со пар златни чевли и чанта од змиска кожа.
Токму фустанот што го носела е парче на брендот Schiaparelli, а такви парчиња на модната писта носеле Ирина Шајк и Наоми Кембел.
Брендот претставил фустани кои на себе имале три извезени животни - леопард, лав и волчица.
Тие на Инстаграм напишаа дека трите животни претставуваат страст, ароганција и алчност во иконската алегорија на Данте, што истовремено треба да биде метафора за сомнежот и креативните маки што ги доживуваат сите уметници, вели креативниот директор Даниел Роузбери.
Тие нагласија и дека се работи за вештачки животни кои се рачно направени со вештачко крзно од пена, смола, волна и свила и се рачно насликани за да изгледаат што пореално.