Веруваме дека барем еднаш во животот сте се запрашале: „Која е тајната за среќен и долговечен брак?“.
На Интернет можете да најдете различни одговори, но конечниот одговор го дале експертите кои работеле на истражување чија цел била да го откријат рецептот за совршен брак.
Според истражувањето, рецептот за совршен брак вклучува неколку значајни разговори, неколку долги заеднички прошетки и најмалку две големи кавги секој месец.
Барем така покажува студијата спроведена со 2.000 среќни брачни парови. Тие наведуваат дека заедничките одмори, редовното гушкање и интимните односи придонесуваат за нивната среќа.
Резултатите покажуваат дека дури и во бракот, среќните парови продолжуваат да се занимаваат со хоби и негуваат интереси што ги имале пред бракот.
Освен тоа, среќата во бракот, според студијата, придонесува и за меѓусебните поплаки за работата и другите обврски, како и за меѓусебното почитување.
„Многу парови велат дека се поблиски по романтичен викенд во кој никој не ги извршува секојдневните обврски“, изјавил за „Мирор“ главниот истражувач Сајмон Томпсон.
Повеќе од 70 проценти од испитаниците се согласуваат дека поминувањето време заедно може да им помогне да се сетат зошто се сакаат, а 36 проценти се задоволни со помали гестови како што е одење на вечера заедно.
Сепак, дефиницијата за романтика не е иста за сите, па четворица од десет испитаници ги ценат секојдневните мали гестови како миење садови или фрлање ѓубре.
Врз основа на заклучоците, истражувачите ги издвоиле клучните компоненти за среќен брак:
- Заедничко квалитетно време;
- Да бидете покрај партнерот кога не му е добро;
- Чувството дека можете да бидете целосно свои;
- Да го сакате партнерот и во најдобро и во најлошо издание;
- Редовно да се гушкате и бакнувате.