(Видео) Маск во 2008-ма година ја предвидел иднината: „Не станува збор за тоа кој има повеќе ресурси...“

Точка

01/12/2022

21:45

8.207

Големина на фонт

а а а

На Твитер профилот „History in picture“ е објавено видео од Илон Маск од 2008-ма година, на кое ја предвидува иднината во автомобилската индустрија. Видеото за помалку од 24 часа собра 3 милиони прегледи и повеќе од 11.000 лајкови.

Новинарот во далечната 2008-ма година го прашува младиот претприемач дали ги гледа автомобилите на „Tesla Motors“ како директен конкурент на големите автомобилски компании од САД и Европа.

„Да“, прво кратко одговара Маск, а на прашањето каква ќе биде иднината на автомобилите, дали ќе биде струја, или можеби водород, сега најбогатиот човек на светот одговара „дека ќе му даде еден обид да погоди“, алудирајќи на струјата како иднина во автомобилската индустрија.

„Многу се зборува и за водород, мислиш ли дека водородот ќе го преземе приматот“, прашува новинарот, на што Маск вели дека „тоа нема да се случи“, додавајќи дека „водородот е глупост“.

Запрашан дали не мисли дека е чудно да се натпреварува со големи компании кои имаат огромни ресурси, Маск вели:

„Дали лимитот е квантитетот на ресурси? Не е. Прашањето е дали имаат квалитетен, мал, многу талентиран, фокусиран и посветен тим кој сака да преземе ризик и да направи нешто. Тоа е главното прашање, не се парите“, заклучува Маск.




Спонзорирани линкови

Маркетинг