(Видео) Бекам повторно објави „рецепт“ и го запре интернетот: „Покажи ни како правиш мраз, делува неверојатно“

Кармин

22/11/2022

17:35

5.046

Големина на фонт

а а а

Бруклин Бекам снимил туторијал на кој им покажува на луѓето како прави коктели, но сите останале шокирани кога виделе дека тој смета дека џин-тоникот е коктел и објаснува како се прави (според него веројатно тоа е многу комплицирано).

Внимателно сечкајќи ја лиметата, за која вели дека „мора да биде тенка“, Бруклин Бекам Пелц признал дека најмногу сака да готви за својата сопруга Никола Пелц.

„Постојано готвам за нас“, признава Бекам.

Според коментарите, на луѓето и понатаму не им е јасно како Бекам е убеден дека умее да се снајде во кујна на професионално ниво и себеси се нарекува готвач.

„Колку е неспособен и во заблуда“, „Дали го гледам Бекам Џуниор како ми објаснува како да измешам џин и тоник?“, „Бруклин, повеќето од нас се раѓаат со способност да истурат една течност во друга. И не, џин-тоник не е коктел, барем не во вистинска смисла“, „Покажи ни како правиш мраз, делува неверојатно“, се дел од урнебесните коментари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk