Ако ги прашате астролозите, за овие три хороскопски знаци важи следното правило: врската може да трае кратко, а пријателството цел живот.
Поради тоа, приоритет имаат пријателите, па на второ место е партнерот.
Стрелците го мразат чувството да се ограничени и врзани за една личност, па затоа претпочитаат пријателски односи кои се послободни.
Кај Стрелецот љубовта речиси никогаш не преовладува, туку забавата.
Колку и да се во рамнотежа со сите полиња во животот, Вагите сепак имаат поголема потреба од различни пријатели отколку од партнер.
На овој знак во никој случај не треба да му се постави ултиматум или избор од типот „јас или пријателите“. Тие секогаш ќе избираат пријатели.
Водолиите не сакаат да избираат и да му даваат на некого предност, но доколку се чувствуваат ограничени или спречени да направат нешто од партнерот, секогаш ќе бараат утеха кај пријателите.
Пријателствата се помалку комплицирани од врските, па затоа Водолиите ги претпочитаат.