Новата кралица не сака да владее по стар систем: Камила ја прекинува традицијата која Елизабета Втора ја обожувала

Точка

28/09/2022

13:39

8.079

Големина на фонт

а а а

Смртта на кралицата Елизабета Втора донесе многу промени во кралското семејство, а помеѓу останатото, се пишува и дека околу 100 лица ќе добијат откази.

Станува збор за оние кои биле вработени во некогашната резиденција на Чарлс и Камила, со оглед на тоа што тие се сега во Бакингемската палата, а познато е и дека кралот Чарлс сака да ја намали монархијата.


Во тоа очигледно му помага и неговата сопруга, Камила, која сака да ја укине една од омилените кралски традиции на Елизабета Втора - станува збор за дворските дами.

Кралицата во текот на сите години од своето владеење имала дворски дами кои ѝ помагале во се, од администрација, бирање гардероба па до организирање на разни настани. Важен детаљ е дека сите тие жени потекнувале од богати семејства, а за своите должности не добивале пари.


Кралските биографи ја опишуваат Камила како сила и поддршка на новиот крал, а токму со овој гест таа му помага во намалување на монархијата, која Чарлс веќе ја најави.

Инаку, Камила и Кејт Мидлтон исто така имале право на дворски дами, но двете решија да се одречат од тоа и не сакале да ја продолжат традицијата на кралското семејство, а сега се чини дека Камила дефинитивно ќе го укине она што кралицата Елизабета долго време го почитувала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг