Се пензионирше Микел Џон Оби, фудбалерот за кој водеа „војна“ Челси и Манчестер јунајтед

Макфакс

27/09/2022

18:56

1.454

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Челси, Џон Оби Микел објави дека се пензионира од фудбалот на 35 години, ставајќи крај на долгата кариера во која исто така имаше 91 настап за репрезентацијата на Нигерија по дебито во 2005 година. Тој последен пат играше во Кувајт ФЦ, но веќе 10 месеци беше без клуб.

Микел имаше само шест настапи за норвешкиот клуб Лин, кога стана предмет на „војна“ меѓу Манчестер јунајтед и Челси за неговиот потпис. Тој потпиша договор со „ѓаволите“, пред да се предомисли и да се пресели во Челси во 2006 година, откако „сините“ им платија отштета на англиските ривали.

На крајот, тој помина цела деценија на „Стемфорд Бриџ“ со 372 настапи за лондонскиот клуб, каде што стана херој на навивачите по клучната улога која ја имаше при освојувањето на титулата од Лигата на шампиони во 2012 година. Следната година, тој го освои Африканскиот куп на нации со Нигерија.

По две години во кинеската лига со Тијанџин ТЕДА, Микел се врати во Англија со Мидлзборо, каде што остана една сезона, пред да замине за Трабзонспор во Турција, со кои го освои Турскиот куп. По ова следуваше третото враќање во англискиот фудбал, со Стоук сити во Чемпионшип во 2020/21.



Спонзорирани линкови

Маркетинг