На раката го истетовирал автограмот на Меси

Макфакс

27/09/2022

17:13

2.042

Големина на фонт

а а а

Голманот на Интер Мајами, Франциско Раниери на раката го истетовира автограмот што му го дал Лионел Меси.

Меси неодамна го посети тренинг центарот на американскиот клуб додека се подготвуваше со репрезентацијата на Аргентина за пријателскиот натпревар против Хондурас. Аргентина победи со 3:0 на 24. септември, а двоен стрелец беше Меси.

Раниери, кој брани за помладите селекции на Интер, се сретнал со Меси и бил воодушевен што го запознал славниот сонародник, па побарал од него автограм, односно потпис на левата рака, објави „goal.com“.

Аргентинскиот голман потоа направил тетоважа од автограмот.

Изјавил дека средбата со Меси е „најдобриот ден во неговиот живот“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг