Историска мисија: Нова ера за човештвото, НАСА успеа да погоди астероид

Точка

27/09/2022

21:57

5.066

Големина на фонт

а а а

НАСА доцна вчера успешно погоди астероид со леталото "ДАРТ". Станува збор за историска мисија бидејќи е прв планетарен тест за одбрана на Земјата од потенцијален удар, така што астероидот ја менува својата насока.

Последните моменти пред ударот се снимени со камерата на леталото, а последната фотографија е направена две секунди пред ударот.

Судирот на "ДАРТ" со Диморфос речиси сигурно го промени курсот на астероидот, земајќи ги во предвид фундаменталните закони на физиката за зачувување на енергијата и импулсите. Доколку орбитата на Диморфос околу поголемиот астероид Дидимос не се промени, тогаш законите на Њутн би биле соборени.

Прв пат во историјата пративме вселенско летало и го судривме со астероид оддалечен на седум милиони километри од Земјата, порачале од НАСА.

„Човештвото влезе во нова ера, во ера кога потенцијално имаме способност да се заштитиме од опасноста која ја претставуваат астероидите. Чудесно“, рекла една од лидерките на НАСА, Лори Глејз.

Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО - што е име за некои објекти во близина на Земјата - астероид или комета кои би можеле да се доближат.

НАСА од 2016-та година ја основала канцеларијата за координација на планетарната одбрана (PCDO) за рано откривање на закани од НЕО со големи димензии.

Астрономите моментално не знаат дали на Земјата и се заканува НЕО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг