Со вас е сè во ред! Зошто на некои од жените им е тешко да доживеат оргазам?

Кармин

22/09/2022

15:34

3.499

Големина на фонт

а а а

Денешната култура е опседната со „среќниот крај“. Сексот без оргазам е помалку вреден?

А, што се случува доколку ви е тешко да постигнете оргазам? Веројатно прво се чувствувате чудно, а потоа се развива и вина во вас. Ова е целосно погрешно!

Љубовните романи, филмовите за возрасни, рекламите за секс – нè научија дека секоја пристојна, а и повеќе непристојна жена треба да доживее оргазам.

Но, што кога оргазмот воопшто не постои? Сè е во ред со сексот – се чувствувате убаво, возбуден сте, ви годи допирот, уживате и задоволни сте, сепак оргазам нема.


Зошто на некои жени тешко им е да доживеат оргазам?

Истражувањата се јасни како ден – 10-15 отсто од жените воопшто не доживуваат оргазам во текот на сексуалниот однос. Тоа значи дека доколку седите со 9 другарки, барем една од вас го има овој проблем. Тоа не е малку, зар не?

Токму поради тоа сексолозите велат дека ваквите бројки се нормални. Во што е вината?

Во тоа што женските механизми на организмот не зависат само од физичката состојба на љубовта, допирите, стимулацијата и атмосферата. За жените психичката компонента е прилично важен фактор за сексуалниот живот.

Нормална здрава, сексуално активна и задоволна жена може да доживее во 30 до 50 отсто оргазам во текот на сексуалните односи.

Жената не е способна да доживее оргазам доколку зад ѕидот во соседната соба има дете со температура, тоа е толку програмирано по природа.


За да може да се опушти и да доживее оргазам жената мора целосно да се исклучи од светот, тоа значи да нема никакви грижи.

Многу е важно да вежбате со партнерот токму таков сегмент – како да создадете реална атмосфера во која грижите исчезнуваат, а вие ќе бидете опуштени.

Наметнување на вината во тоа никако нема да помогне, затоа важно е да запаметите дека не сте обврзани да доживувате оргазам.

Уживајте во љубовта, оргазмот ќе се појави!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk