(Видео) Пореален и пострашен од другите: Роботот „Ameca“ се врати и ги преплаши луѓето на интернетот

Точка

19/08/2022

16:12

27.859

Големина на фонт

а а а

Најновата демонстрација прикажува колку технологијата напреднала.

Минатата година, британската компанија „Engineered Arts“ привлекла големо внимание во јавноста со проектот „Ameca“. Станува збор за хуманоиден робот којшто совршено ги имитира човековите изрази на лицето.

Машината се вратила со уште поголем распон на можности и одново ги воодушевила луѓето, но исто така и ги преплашила.

Покажува емоции

Роботот добил 12 нови сензори за изразување на широк спектар емоции – од неверување, гадење, каење до болка.


Најновата демонстрација прикажува колку технологијата напреднала и дека хуманоидните роботи во блиска иднина ќе станат секојдневност.

Компанијата „Engineered Arts“ тврди дека „Ameca“ e најнапредниот робот којшто овозможува анализа во однос на машината и луѓето.

Го „пецнале“ Илон Маск

Британските инженери не ја пропуштиле можноста да го „пецнат“ Илон Маск затоа што гледаме дека еден од нив ја гледа промоцијата на „Optimus“ на „Tesla“.


Во таа прилика, потсетуваме, покрај американскиот милијардер на сцена се појавил и актер облечен во костум на робот.

Инаку, амбициозниот проект на „Tesla“ ќе дебитира кон крајот на септември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг