Диего Симеоне го шокирал Гризман: Чоло испратил јасна порака за Французинот

Дерби

19/08/2022

11:52

2.215

Големина на фонт

а а а

Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го шокирал Антоан Гризман откако неодамна му испратил јасна порака дека не го планира играчот како стартер за сезоната што започна минатиот викенд.

Гризман пред неколку години важеше за еден од најдобрите светски играчи, но откако го направи трансферот во Барселона неговата кариера фати надолна линија.

– Од клубот му е соопштено дека нема да се смета на него и дека не е во преден план. Клубот сака да се ослободи од него затоа што се убедени дека веќе никогаш нема да биде играчот кој што беше претходно, - напиша „ЕСПН“ во своето издание.

Засега нема најави дека некој клуб ќе го ангажира Гризман кој има уште една година од позајмицата во Атлетико Мадрид, а веќе од наредната клубот од главниот град на Шпанија ќе мора задолжително да го откупи неговиот договор од Барселона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг