Сушата го откри „Шпанскиот Стоунхенџ“

Точка

19/08/2022

10:54

29.795

Големина на фонт

а а а

Долмените од Гвадалперала, исто така познати и како „Шпански Стоунхенџ“, се состојат од 150 гранитни карпи кружно аранжирани за кои се верува дека датираат од 5.000 година пред новата ера.

Долмените од Гвадалперала се потопени со изградба на брана и пополнување на вештачко езеро во 1963-та година во текот на владеењето на Франциско Франко, а од тогаш само четири пати биле делумно видливи во текот на многу интензивните сушни период. Најлошата суша во последните неколку децении предизвикала големи проблеми во Шпанија, но на археолозите им донела шанса да ги проучат древните праисториски камења.

Долмените од Гвадалперала, исто така познати и како „Шпански Стоунхенџ“, се состојат од 150 гранитни карпи кружно аранжирани за кои се верува дека датираат од 5.000 година пред новата ера.

Моментално се целосно откриени откако нивото на водата на резервоарот Валдеканас драстично опаднало на само 28 проценти од капацитетот.

„Ова е ретка можност да можеме да им пристапиме“, вели археологот Енрике Седиљо од Универзитетот во Мадрид, пренесува „RTS“.

Долмените ги открил германскиот археолог Хуго Обермајер во 1926-та година, а целиот локалитет е потопен во 1963-та година со изградба на брана.



Спонзорирани линкови

Маркетинг