Нов Зеланд: Во куфери најдени останки на две деца

Нетпрес

19/08/2022

07:52

3.169

Големина на фонт

а а а

Посмртни останки на две деца се најдени во користени куфери купени во магацина во Окленд, потврди во четвртокот новозеландската полиција.

Полицискиот инспектор Тофило Фаамануиа Ваелуа изјавил дека телата веројатно во складиштето биле со години, како и дека станува збор за деца на возраст меѓу пет и десет години, пренесе AFP.

Телата биле во два куфери со идентични големи, додал Ваелуа, истакнувајќи дека истрагата ќе биде комплексна поради времето мината од смртта до наоѓањето на останките.

Едно семејство купило цела приколка натоварена со предмети кои се продаваат на големо во складиштето, меѓу нив и куферите,. Семејството не е поврзано со убиството, соопшти полицијата.

Новозеландската полиција го известила Интерпол, во истрагата се потпира и на други предмети кои биле во приколката за да се идентификуваат жртвите. Складиштето и целиот околен имот бил прегледан од форензичари.

Ваелуа додал и дека не е познат идентитетот на деца, но сочувствува со семејството кое веројатно се наоѓа на Нов Зеланд и кое веројатно сигурно не знае дека децата се мртви.

„Многумина од нас се родители. Пред нас е голема работа и ќе сториме сѐ што е во наша моќ да ги идентификуваме жртвите“, додал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг