Сите во неверување гледаат што пишува на албумот на Здравко Чолиќ: Еве како Германците го преименувале Чола и зошто ја одбил понудата која можела да му го промени животот

Точка

17/08/2022

19:00

10.271

Големина на фонт

а а а

Славниот Здравко Чолиќ со својот вонсериски глас успеал да ја освои и публиката во Германија, само што пред тамошната публика бил претставен под малку поинакво име...

Имено, на омотот на сингловите кои Чолиќ ги отпеал на германски јазик пишува „Дравко“. Можеби ова име не им било чудно на љубителите на добрата музика во Германија, но за нас секако е. Како се случила оваа воочлива промена на името за која се зборува на социјалните мрежи?

🙃

Posted by Poručnik Draguljče on Saturday, August 13, 2022

Легендарниот Чола во 1974 година потпишал договор со германскиот огранок на компанијата „Warner Music Group“, а тамошните продуценти сметале дека споменатиот прекар Дравко е полесен за изговарање од оригиналното име на пејачот. И така Германците го преименувале Чолиќ, кој секако одлично звучи и на германски јазик.

Повеќето синглови од тој период од неговата кариера можат да се слушнат на Јутјуб. Здравко привлече големо внимание во странство, но не сакал да остане во Германија, па успешната кариера ја продолжи во Југославија каде стана една од најголемите ѕвезди во историјата на балканската музика, а и пошироко.

Тоа што ѝ остана верен на публиката во регионот не значи дека неговата популарност не ги проби границите на Југославија – напротив! Добриот глас надалеку се слуша, а Чолиќ го краси оној најдобриот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг