Кулеба го обвини Западот дека го очекува падот на Украина

Нетпрес

16/08/2022

16:10

959

Големина на фонт

а а а

Некои западни земји чекаат Украина да се предаде за сите проблеми да се решат самите од себе, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во интервјуто со украински новинар и призна дека уште на почетокот од војната го евакуирал целото семејство во странство.

„Министрите за надворешни работи честопати ме прашуваат во интервјуа и разговори: колку долго можете да издржите? Наместо да прашаат: што друго треба да се стори за да се победи во најкусиот можен рок“, рече шефот на украинската дипломатија во интервјуто со украинскиот новинар Дмитро Гродон.

Според оцената на Кулеба, се добива чувството дека сите чекаат Украина да падне и оти проблемите самите од себе ќе исчезнат.

Во продолжение вели дека станал министер за надворешни работи за да го „освои светот“.

„Кога станав министер, имав мечта да отворам нови хоризонти за Украина. Претседателот (Владимир Зеленски) постојано разговара со африканските челници, со латиноамериканските, австралискиот премиер допатува во земјата (…) Тоа е освојување на светот, да, едноставно сакам да се издигнам до тоа“, признава Кулеба во интервјуто емитувано на YouTube.

Формулацијата „да се освои светот“ во текот на разговорот ја спомена новинарот, што очигледно му се допадна на Кулеба кој додаде дека претседателот Зеленски целосно ги поддржува неговите стремежи и оти двајцата се на „иста бранова должина“.

Во разговорот Кулеба признава и дека неговото пошироко семејство ја напуштило Украина непосредно по почетокот на рускиот напад.

„Ноќта од 24-ти кон 25-ти (февруари) дојдов до границата, во тој момент пристигнаа моите деца, родителите, кучињата, ги прегрнав и бакнав сите, јас влегов а тие излегоа од Украина“, рече Кулеба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг