Јовески ја суспендираше Вилма Русковска, дисциплинска постапка против уште две обвинителки

Точка

16/08/2022

15:37

3.125

Големина на фонт

а а а

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, добила решение за суспензија, а информацијата ја потврди и самата обвинителка.

Според информации на „А1он“, одлуката за суспензија е донесена откако против Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е покрената дисциплинска постапка, поради претресот во финансиската полиција.

Од Јавното обвинителство пред малку соопштија дека е поднесен предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда.


„Во согласност со член 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Во исто време, додаваат од Обвинителството, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата на еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против него, пренесува „Плус инфо“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг