Шојгу: За да се постигнат целите во Украина нема потреба од нуклеарно оружје

Макфакс

16/08/2022

13:21

2.166

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вели дека се апсурдни изјавите на западните медиуми дека Русија наводно може да употреби нуклеарно оружје во Украина.

Според рускиот министер, главната цел на нуклеарните сили на Русија е да одвратат нуклеарен напад.

„Нивната употреба е ограничена на вонредни ситуации, кои се дефинирани во руските насоки кои се достапни за јавноста“, додаде Шојгу.


„Нема потреба од употреба на нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат целите на специјалната операција“ изјави денеска Шојгу.

„Од воена гледна точка, нема потреба да се користи нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат поставените цели“, рече Шојгу за време на Московската конференција за меѓународна безбедност, пренесува ТАСС.


Рускиот министер зборуваше и за јакнењето на НАТО на источното крило и наведе дека со него завршува деградацијата на довербата и контролата на вооружувањето воспоставена во Европа.

„Безбедносната ситуација во Европа стана полоша отколку на врвот на Студената војна. Воената активност на Алијансата ја карактеризираат максимално агресивни антируски предрасуди. Значителни НАТО сили се префрлени на континентот од Соединетите Американски Држави и нивната бројност во источна и централна Европа повеќекратно се зголеми“, истакна Шојгу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг