После 3 недели брак, одлучиле малку да се разделат: Твитер екипата веќе разви теории за развод на Бенифер

Кармин

10/08/2022

13:34

8.035

Големина на фонт

а а а

После јавниот меден месец, кој повеќе личеше на ријалити, среќниот пар Џенифер и Бен Афлек одлучиле привремено да се разделат, пишуваат странските медиуми.

Актерот и пејачката одлучиле некое време да поминат разделени, поради нивните деловни обврски.


Странските медиуми пишуваат и дека латино дивата и 4 години помладата холивудска ѕвезда веруваат дека овој потег долгорочно ќе им користи и ќе им помогне да го сочуваат бракот. Тие всушност сакаат да се дистанцираат за магијата помеѓу нив да не се изгуби.


„Тие секогаш зборуваат, си пишуваат пораки, се слушаат на FaceTime кога се разделени и работат. А времето што го поминуваат разделени, ја прави средбата многу подобра. Џенифер знае дека нејзиниот сопруг ќе биде покрај неа без оглед на сè. Да бидат разделени толку брзо по венчавката не е идеално, но знаат дека го имаат цел живот пред себе и уживаат во секоја минута од патувањето“, рекол извор близок на парот.


Ниту Џеј Ло, ниту Афлек не ги потврдија овие наводи, а корисниците на социјалните мрежи развија нова теорија за ваквата пауза на парот.


Имено, корисниците на Твитер тврдат дека Лопез барала од Афлек да побара стручна помош за неговата зависност од алкохол.


Да потсетиме, парот се венчаше на интимна церемонија во Лас Вегас, откако ја обнови својата романса речиси 20 години по раскинувањето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk