Историско откритие: Рудари ископале розов дијамант - најголемиот пронајден во последните 300 години

Точка

27/07/2022

21:02

25.927

Големина на фонт

а а а

Рудари во Ангола ископале редок чист розов дијамант за кој се верува дека е најголемиот пронајден во последните 300 години, објави во средата австралискиот оператор на рудникот.

„Розовиот дијамант од 170 карати, наречен Lulo Rose, е откриен во рудникот Луло во североисточниот дел на земјата, богат со дијаманти и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени“, објави Lucapa Diamond Company.


Еден од најретките и најчисти форми на природни камења

„Историското“ откритие на дијамантот од типот IIa, еден од најретките и најчистите форми на природен камен, го поздрави и владата на Ангола, која е и партнер во рудникот.


„Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Лулу продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена“, рече министерот за минерални ресурси на Ангола, Дијамантино Азеведо.

Дијамантот ќе се продава на меѓународна аукција, веројатно по вртоглава цена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг