Научниците откриле некои необјасниви, мистериозни дупки во морското дно на 2,7 километри под површината на Атлантскиот океан – и ги замолиле корисниците не Фејсбук да им помогнат да ги идентификуваат дупките кои формираат права линија.
Научниците се дел од тимот „NOA“ кој ги истражува океаните и ги мапира со помош на возила со кои се управува на далечина, со цел подобро разбирање на подрачјата околу Средноатлантскиот гребен, Азорската висорамнина и Чарли-Гибсовата зона.
„Која е вашата хипотеза“, прашале корисниците во врска со дупките пронајдени во близина на Средноатлантскиот гребен.
Повеќе десетина корисници на Фејсбук коментирале и понудиле низа различни теории, од тоа дека некој зема мостри од дното, до слатководни извори, преку ракови, корали, пропаѓање на седименти и пештерски отвори, па се до вонземјани.
Okay Facebookers, time to get out those scientist hats!
On Saturday's #Okeanos dive, we observed several of these...
Posted by NOAA Ocean Exploration on Monday, 25 July 2022
Средноатлантскиот гребен се простира од северот до југот на Атлантскиот океан и се протега на 10.000 милји, што го прави најдолг планински венец на светот и еден од најимпресивните геолошки карактеристики на Земјата.
Бидејќи поголем дел се наоѓа во вода, во главно е неистражен.
Тоа исто така е место на чести земјотреси и дом на привлечни хидротермални отвори кои може да се формираат таму каде што магмата дава топлина додека се крева до морското дно.