„Сè што мислевме дека знаеме за овој вид на ајкула, можеби и не е вистина“

Точка

26/07/2022

14:47

22.584

Големина на фонт

а а а

Додека ги проучувале китовите ајкули од гребенот Нингало во Западна Австралија, истражувачите дошле до изненадувачко откритие за нивните навики во исхраната.

„Сè што мислевме дека знаеме за овој вид ајкула можеби не е вистина“, вели биологот д-р Марк МекКен, кој учествувал во истражувањето на начинот на живот на овие предатори.


Истражувачите откриле дека овие океански џинови се хранат со салата од алги и се поголеми сештојади од мечките.

„Ги гледавме како доаѓаат во Нингало во Западна Австралија и видовме како се хранат. Тогаш сфативме дека тука лежи одговорот за начинот и видот на нивната исхрана“, вели МекКен, биолог од Австралискиот институт за морски науки.

Научниците внимателно ги анализирале можните извори на храна на китовите ајкули, од ситни планктони до големи морски кафени алги, а потоа утврдиле што е присутно во примероците од кожата на китската ајкула.


„Оваа студија сугерира дека тие се хранат и со храна од растително потекло. Китовите ајкули се големи животни и им треба многу храна, па затоа се хранат со сите случајни работи на кои ќе наидат во водата, што е невообичаено за еволуцијата“, вели д-р Марк МекКен.

Дел од истражувачката студија вклучувал и тестирање на измет од кит ајкула, што потврдил дека тие се сештојади.




Спонзорирани линкови

Маркетинг