Шварценегер му ги укинал финансиите на синот кој го доби со куќната помошничка: „Ми рече дека сега сум оставен сам на себе“

Кармин

18/07/2022

22:09

16.397

Големина на фонт

а а а

Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Бена, откри дека неговиот татко одбил да го финансира кога дипломирал на факултет.

Имено, Арнолд го добил Џозеф со домашната помошничка, која наводно била бремена во исто време кога сопругата на актерот, Марија Шрајвер го чекала нивното четврто дете.

Џозеф дознал кој му е татко дури во 2011 година, кога бабата му објаснила сè, а како што вели самиот, оттогаш му се променил животот.


Тргнал по стапките на својот татко, станувајќи актер и бодибилдер, но кога татко му престанал да го финансира по факултетот, тој се свртел кон недвижнини за да се издржува.

„Благодарен сум му на татко ми што ми помогна за време на студирањето. Но, сега тоа е готово. Mи рече: „Понатаму чекориш сам. Си помислив: „Какво с*ање“.

Џозеф тогаш се обидел да се занимава со глума, но не му успеало тоа, па морало да тргне по друг пат.


„Ми требаше работа, улоги не добивав и немав како да заработам. Морав нешто да работам, па почнав да волонтирам во една агенција за недвижнини. Сакав да научам повеќе и да заработувам пари. Но, потоа почнав да уживам во тоа и сфатив дека тоа добро го правам, па добив лиценца“, заклучил Џозеф.

Интересно е дека Арнолд Шварценегер не е единствен холивудски родител кој престанал да го финансира своето дете после факултет. НБА легендата Шeкил О’Нил го направил истото и објаснил дека сака неговите деца да работат, за да научат што значи да си успешен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk