Повеќе не ја кријат својата љубов: Популарната актерка откако призна дека е заљубена во жена – го објави првиот бакнеж

Кармин

16/07/2022

16:56

16.632

Големина на фонт

а а а

Актерката Ребел Вилсон беше во центарот на вниманието откако успеа да ја преполови телесната тежина, а после тоа призна дека е геј, што наиде на многу различни коментари.

Ребел Вилсон сподели фотографија на која позира со својата девојка Рамона Агрум и напиша на Инстаграм дека „можеби сè што ѝ требало цело ова време била принцезата на Дизни“.

Досега не се знаеше дали актерката имала врски со жени, а нејзината врска со милионерот Џејкоб Буш беше медиумски проследена.


Неодамна австралискиот весник Sydney Morning Herald ја контактирал бидејќи имале информации дека е геј и побарале нејзин коментар. Актерката веднаш ја објави гореспоменатата фотографија, на што овој весник одговори со текст во кој ја осудува дека самата споделила една од најважните и најчувствителните работи во животот - наместо да им дозволи да имаат светска ексклузива.

Сега популарната актерка објави фотографија на која се бакнува со својата партнерка, покажувајќи дека не ја интересираат негативни коментари и дека е среќна и задоволна.

После сè, Ребел Вилсон им се заблагодари на фановите за поддршката и истакна дека ѝ било тешко да се справи со целата ситуација, но сепак успеала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk