Домаќинките полудеа по овој трик! Сте купиле горчлива и невкусна лубеница? Со оваа (тајна) состојка ќе стане уште послатка

Точка

04/07/2022

13:37

8.097

Големина на фонт

а а а

И за денеска се предвидуваат тропски температури. Лубеницата може да помогне против топлината, а неочекувана состојка може да ја направи уште послатка.

Многумина не би помислиле дека овој трик е делотворен, односно дека токму овој зачин „добро оди“ со лубеницата, со што ја прави уште повкусна.

Па, ако сакавте да уживате во слатка лубеница, а при првиот залак сте сфатиле дека сте купиле горчлива и невкусна, решението е сол, пренесува „Mashed“.


Солта ефикасно ја намалува горчината. Експертот за вкус на храна, Боб Стаки, излезе со прилично добра теорија зошто овој трик функционира.

„Лубеницата има три елементи на вкус, слатко, кисело и горчливо, а горчината може да ја поттисне сладоста. Кога ќе посипете малку сол на парче лубеница, таа ќе ја ослободи сладоста и ќе ја потисне горчината“, објаснила таа.


Во исто време, солта ги активира плунковните жлезди, со што сè што јадете станува посочно, што е многу важно во летните горештини. Дали некогаш сте забележале дека колку повеќе се потите, толку повеќе вашето тело копнее за сол?

Вашето тело ве потсетува да ги проверите вашите електролити. А „солената“ сочна лубеница ви помага да му обезбедите на организмот хранливи материи, да ги вратите електролитите и да го одржите телото хидрирано со секој залак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk