Полицијата му наредила на Рики Мартин да не му приоѓа на поранешното момче: „Не сака да ја прифати разделбата“

Кармин

04/07/2022

23:46

15.977

Големина на фонт

а а а

Судот и полицијата во Порторико му издале наредба на Рики Мартин да се држи подалеку од својот поранешен партнер, откако неименувано лице пријавило во полиција дека Рики го вознемирува, соопшти полицијата.

Наредбата била потпишана во петокот, откако властите се обиделе да го пронајдат пејачот за да му ја достават истата, но не успеале.

Не е познато кој ја побарал забраната за приближување и не се објавени никакви детали, бидејќи барањето е поднесена според законот за семејно насилство во Порторико, кој подразбира целосна анонимност.


Весникот „El Vocero“ пренесува дека во наредбата стои дека Мартин и другата страна биле во врска седум месеци пред да раскинат - пред два месеци.

Во извештајот се цитира дел во кој тужителот тврди дека Мартин не ја прифатил разделбата и бил виден во близина на неговиот дом најмалку трипати по раскинувањето.

Наредбата му забранува на Мартин да стапи во било каков контакт со лицето што го тужело, а судијата на сослушувањрто ќе одлучи дали таа треба да остане во сила или да биде укината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk