Во последно време сè попопуларен е трендот на недепилација инициран од познатите личности. Познати дами се осмелија да иницираат нешто што повеќето го сметаат за недозволиво во 21 век.
Некои отидоа и чекор понатаму објавувајќи фотографии од нивните недепилирани регии. Манекенката Ејми Хајер се најде на мета на критики бидејќи покажа неизбричена интимна регија. Многумина се шокирани од овој потег, а веруваат дека таа ги преминала сите граници.
Социјалните мрежи на манекенката се преплавени со фотографии на кои таа ги покажува недепилираните препони, но и пазувите.
Таа вели: „Значи, ако влакната не требаше да бидат таму, тие воопшто немаше да растат на нашето тело“.
Покрај негативните коментари и осуди кои ги добива секојдневно, има и такви кои ја поддржуваат.
Најчесто тоа се дами кои зборувале за своите искуства, поради кои решиле да не се депилираат. Ејми нагласува дека особено го одржува својот интимен дел од телото, негувајќи ги влакната да бидат нежни и долги.
„Мислам дека е кул и секси, искрено“, „Влакната се секси, не знам што е проблемот“, „Сакам кога мојата девојка изгледа природно. Повеќе ѝ се восхитувам!“, „Не треба да се срамите, само нека растат“, се дел од коментарите.
Покрај коментарите за поддршка, доминираат негативните: „Избричи се“, „Како мајмун“, „Гадна си“, „Ова е одвратно“.
Манекенката не е единствената која го негува овој тренд, многу познати дами гласно зборуваат за тоа.