(Видео) Милошоски по инцидентот: „Благодарение на совесни пратенички од партијата на Адеми не стигна до поголема повреда“

Точка

27/06/2022

21:27

5.711

Големина на фонт

а а а

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на социјалните мрежи објави скандалозно видео на кое се гледа тензичната атмосфера во Собранието.

Пратеникот Арбр Адеми од ДУИ, кој е и претседател на Комисијата за европски прашања, денеска дивеел во Собранието, пцуел и со предмети фрлал низ собраниската сала и кон пратениците.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва, кој е еден од учесниците во инцидентот во Собранието, даде изјава за „ТВ21“.

Инциденти во Собрание, изјава на Антонио Милошоски

Incident në Kuvend, flet Antonio Milloshoski


Pas pak presim prononcim edhe nga deputeti Arbër Ademi?

Posted by TV21 on Monday, June 27, 2022

„Комисијата за европски прашања може да се каже трагично, но сепак останува комисија на дивиот запад. Не заради членовите на комисијата, персонализирано е сметам поради претседателот на оваа комисија, пратеникот Арбр Адеми, кој што си дозволи, освен тоа што го кршеше деловникот и не даде процедурално на колегите пратеници да дадат предлози за Измена и дополна на дневниот ред, почна и со вербални вулгарности, со фрлање на тврди предмети, со насилство, со кршење на дел од инвентарот и благодарение на една или две совесни пратенички не стигна до поголем инцидент или поголема повреда“, вели Милошоски.

Тој посочува дека тоа што го барале е согласно Деловникот да се расправа да имаат една точка на дневен ред за заклучоците на ЕУ од Брисел.




Спонзорирани линкови

Маркетинг