Шолц: Односите со Русија не можат да се вратат во состојба пред нападот на Украина

Макфакс

27/06/2022

20:54

2.486

Големина на фонт

а а а

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави на самитот на Г7, дека односите со Москва не може да се вратат во состојбата пред рускиот напад врз Украина, што доведе до долгорочни промени во меѓународните односи.

„Кога ситуацијата ќе се промени, мора да се промениме и ние“, рече Шолц на крајот од вториот ден од самитот на Г7 што се одржа во замокот на Баварските Алпи.

Шолц, кој е домаќин на овогодинешниот собир, рече дека лидерите на Г7 во понеделникот одржале конструктивни разговори со Индија, Индонезија, Сенегал, Јужна Африка и Аргентина, кои тој ги нарече „демократии на иднината“.

„Добро е, важно и неопходно е да разговараме еден со друг. Слушањето на другите создава меѓусебно разбирање и ни ја олеснува работата“, рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг