Реал Мадрид по 19 години му кажува „збогум“ на „Audi“, ѕвездите на Кралевите ќе возат нови „ѕверови“

Точка

25/06/2022

11:01

46.499

Големина на фонт

а а а

Како што пренесува весникот „Marca“, германскиот произведувач на автомобили „Audi“ повеќе нема да биде спонзор на Реал Мадрид, а Кралевите во понеделник ќе потпишат нов договор со друг бренд.

Договорот со „Audi“ истекува на 30-ти јуни и нема да биде продолжен бидејќи двете страни не можеле да се усогласат околу финансиските детали, а покрај тоа, „Audi“ наводно планира да го спонзорира само Баерн Минхен.

Од 2003 година, германскиот произведувач на автомобили од Инголштад му обезбедуваше на Реал служени возила со кои фудбалерите се возеа на тренинзи и службени состаноци, но сега ѝ дојде крајот на ваквата соработка.


Меѓутоа, освојувачот на Лигата на шампионите ќе остане верен на германските автомобили. Како што наведува „Marca“, „BMW“ е новиот спонзор, а соработката би требало да биде објавена во понеделник.

„BMW“ не само што во иднина ќе обезбеди службени автомобили на членовите на клубот туку исто така ќе игра истакната улога на обновениот стадион Бернабеу. Освен тоа, сите турнири на Реал Мадрид ќе го носат називот „BMW“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг