Ќерката на никогаш прежалениот музичар живее на негова сметка, а мајка ѝ со години не смее да ѝ се приближи – еве како изгледа денес

Кармин

23/06/2022

17:16

23.284

Големина на фонт

а а а

Френсис Бин Кобејн се огласила на социјалната мрежа Инстаграм по повод Денот на татковците и се присетила на својот покоен татко Курт, без кој останала уште како девојче од две години.

Ќерката на никогаш непрежалениот фронтмен на култниот бенд „Nirvana“, Курт Кобејн, 29-годишната Френсис Бин Кобејн, споделила емотивна објава и открила како го поминала Денот на татковците откако го изгубила својот татко уште како девојче од само две години.

„Денешниот ден може да биде комплициран за многу од луѓето, па помислив дека би сакала да ја споделам традицијата за овој ден. Се обидувам да ја искористам било која енергија која ја чувствувам (понекогаш тага, длабока ранливост или изгубеност, љубопитност и сочувство) да му донесам на овој свет нешто што сè уште не постоело, низ некој вид на креативност. Би сакала да верувам дека доколку нешто убаво истовремено може да постои со нешто тажно и комплицирано, тогаш тоа остава простор тие емоции да се негуваат со намера и значење. Денеска ви испраќам сè што ви треба“, напишала Френсис.


Инаку, Курт својата ќерка ја добил со Кортни Лов, а првото интервју таа го дала како 13-годишно девојче. Од раѓање е под светлото на рефлекторите поради славните родители и денес таа управува со правата на својот татко, но признала, на разочарување на фановите на „Nirvana“, дека не е обожавател на гранџ и дека ги преферира новите музички жанрови.

Поради прераното губење на нејзиниот татко и мајка ѝ е склона на турбулентен живот, а имала и тешко детство, па пред 13 години старателството над неа го добила нејзината баба Венди О’Конор и сестрата на нејзиниот татко Кимберли Кобејн.


Лов по налог на судот добила и забрана за приоѓање на нејзината ќерка, сè додека е малолетна.

Откако го прославила својот 18 роденден, ги наследила милионите од својот татко поради тоа што сите пари кои Курт ги заработил до неговата смрт, ѝ припаднале неа.

Френсис денес добива по околу 100 илјади долари месечно благодарение на авторските права од својот татко, но признала дека живеела над своите можности без оглед на богатството и дека 11 милиони долари ги „фрлила во вода“.


„Требаше да останам без ништо за да сфатам некои работи во животот. Додека не се отрезнив, не сфаќав дека колку и да имаш пари, ништо не е засекогаш“, раскажала таа. Таа додала и дека отсекогаш имала нереална слика за своето наследство.


„Сè е потешко поради тоа што тие пари не ги заработив јас. Имам чувство дека тие пари се од некој човек којшто никогаш не сум го запознала, што е и вистина“, истакнала таа во некое интервју.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk