Оваа салата со маракони освен што освежува, брзо се подготвува и заситува.
Макароните за кои не е потребно повеќе од 10 минути за да се сварат, се единствената намирница за која на кратко ќе мора да го вклучите шпоретот - сè останато подразбира сецкање, а потоа и уживање во оброкот.
- 250 гр. макарони
- 180 гр. кисела павлака
- 100 гр. мајонез
- 1 свежа зелена пиперка
- 100 гр. пилешки гради
- 10 парчиња зелени маслинки
- 50 гр. пченка од конзерва
- сол и црн бибер
Исечкајте ги пиперката и пилешките гради на ситни коцки. Исечкајте ги маслинките на половина, а потоа секое парче на три дела. Ставете сè во една чинија, па додајте ја павлаката, мајонезот и пченката и измешајте.
Макароните сварете ги во солена вода. Процедете ги и измијте ги под студена вода, па додајте ги во останатите состојки. Додајте сол, црн бибер и останати зачини по вкус и оставете салатата да се излади пред да ја ставите во фрижидер.