(Видео) Јутјубер изработил сопствен „PlayStation 5 Slim“

Точка

22/06/2022

15:57

41.819

Големина на фонт

а а а

„Sony“ вообичаено по претставување на новите конзоли неколку години подоцна нуди и „слим“ верзии, но сè уште се чека на „PS5 Slim“.

Меѓутоа, Јутјуберот Метју Перкс од каналот „DIY Perks“ ја престигнал јапонската компанија.

Јутјуберот го расклопил стандардниот „PS5“ и заменил сè што било потребно за да се ослободи од гломазноста. Компонентите ги заменил со слични делови кои сам ги направил, вклучувајќи и куќиште за конзолата, а резултатот бил уред со дебелина од само 1,9 центиметри.

Комбинирањето на напојувањето и системот за разладување со остатокот од компонентите не би резултирало со „слим“ верзија од „PlayStation 5“ така што Перкс создал сопствен систем за водно ладење, а напојувањето го сместил во долго и тенко екстерно куќиште за да може да се постави зад ТВ уредот каде нема да биде воочливо.


Вистина, во својот проект Јутјуберот имал одредени проблеми од кои морал да се ослободи, но конзолата на крајот проработела. Алтернативниот систем за ладење на крајот бил поефикасен од фабричкиот - барем така покажуваат температурите по тестирањето во текот на играњето на „Horizon Forbidden West“.

За жал, овој „PS5 Slim“ на Перкс е уникат и истиот не е лесно да се направи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг