Џенифер Лопез неодамна настапи во дует со нејзината „омилена партнерка“, односно со нејзината ќерка Ема, која ја доби во брак со Марк Ентони.
Пејачката на настапот на својата ќерка ѝ се обраќала со родово неутрална заменка „тие“, пренесува „The Mirror“.
„Последниот пат кога вака пеевме заедно беше на голем стадион како овој и јас ги молев постојано да пејат со мене, но тие не сакаа. Затоа ова е многу посебна прилика“, рекла пејачката.
Last night … @Dodgers #LADFGala
— jlo (@JLo) June 18, 2022
? @notchrisvilla pic.twitter.com/r9RpLZaFMD
„Тие се многу зафатени и резервирани. И скапи“, додала Џенифер Лопез, нагласувајќи дека „тие вредат секој денар“.
Џенифер Лопез настапила на хуманитарен настан на стадионот Dodgers во Лос Анџелес, а Ема со неа ја извела песната „A Thousand Years“. Додека пеела, Ема имала микрофон со боја на виножито.