(Фото) „Бесот“ на Етна видлив и од вселената

Точка

02/06/2022

16:14

50.404

Големина на фонт

а а а

Најголемиот и најактивен европски вулкан, италијанската Етна, во последно време исфрла лава и, покрај тоа што на научниците им дава единствена прилика да ја набљудуваат ерупцијата и сè што се случува околу неа, создава и неверојатна глетка.

Помеѓу бројните импресивни, како ноќни така и дневни фотографии од ерупцијата на лава, се издвојува една која е направена од вселената.

Фотографијата ја снимил сателитот „Copernicus Sentinel-2“ во склоп на Европската вселенска агенција, кој бележи промени на Земјината површина.


Фотографијата која на прв поглед изгледа како нешто апстрактно, го покажува текот на лавата низ падините на Етна и чадот кој се издигнува високо во атмосферата.

Како што објаснуваат од програмата „Copernicus“, лавата која се гледа на фотографијата доаѓа од нов отвор кој се создал недалеку од главниот кратер.

Ова не е прва фотографија од Етна направена од вселената - пред помалку од еден месец, кога вулканот влезе во нова еруптивна фаза, беше снимено создавањето на нов отвор близу југоисточниот кратер.


Инаку, фотографиите и податоците кои ги бележи „Copernicus Sentinel-2“ играат важна улога во следењето на вулканските активности на подрачјето на Европа, но и во целиот свет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг