„Ме силуваа, бев зависна од алкохол, а потоа ми рекоа: 'Направи си планови за умирање'“

Кармин

25/05/2022

11:12

14.603

Големина на фонт

а а а

Холивудската актерка Селма Блер боледува од мултиплекс склероза, а тешката борба со оваа болест ја опишала во своите неодамна објавени мемоари „Mean Baby“.

Таа се осврнала и на пропаднатите врски, зависноста, силувањето, обидите за самоубиство и останати непознати детали од својот живот.

Блер во книгата отворено зборува за тоа како била жртва на силување и дека двапати се обидела да изврши самоубиство. Првиот пат се обидела да се самоубие поради невозвратена и несреќна љубов уште за време на студирањето.


„Влегов во неговата куќа. Испив една шака таблети и отидов во неговото купатило, каде седев на подот и пиев текила. Но, во последен момент ме фати паника. На крајот неговата мајка повика Итна помош која ме одведе во болница“, опишала актерката.

Таа се осврнала и на првите симптоми на болеста:


„Колку и тажно да звучи, мислам дека можеби немаше да ги преживеам тие години без алкохол. Сега знам дека имав симптоми на МС и дека се обидував да се самоизлечам со алкохол“, напишала Блер која овие симптоми започнала да ги забележува уште во младоста.

49-годишната актерка ги откри мачните детали од оваа болест и во својот документарец „Introducing, Selma Blair“.

„Ми рекоа да направам планови за умирање, не бидејќи боледувам од мултиплекс склероза туку бидејќи се борам против неа“, вели Селма во филмот.


Режисерката Рејчел Флејт прикажала како Блер се подложува на третман со матични клетки кој е ветувачки за нејзината состојба, но таа сепак има тешки последици врз организмот. На лицето на Селма се појавиле модринки, трпи болки, а во исто време зборува за чувството на страв и смртност и во ниту еден момент не го губи оптимизмот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk