Кендал Џенер присуствувала на свадбата на нејзината постара сестра Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во Италија, а бидејќи на настанот доминирале екстравагантни изданија на гостите, манекенката едвај се движела поради фустанот.
Сестрата на Џенер, Кајли, споделила видео на Инстаграм-стори, на кое се гледа дека Кендал се обидува да се качи по стрмни скали во прилично тесен фустан.
Кендал за оваа пригода избрала долг цветен фустан со изрез на грбот, но сепак нејзиниот крој привлекол внимание.
На видеото се гледа како манекенката едвај оди додека нејзините нозе се во прилично чудна положба.
Kendall can’t cut cucumbers now she can’t walk up stairs 🤣🤣🤣🤣 (bantering) #KendallJenner #KourtneyKardashianWedding pic.twitter.com/5VM6VloJWv
— ♑︎ (@__smj97) May 22, 2022
Исто така, на снимката може да се слушне Кајли како се смее и зборува за тоа колку се „луди“ скалите.
Кајли споделила клип од танцот со Кендал на нејзиниот профил на ТикТок во неделата.
На видеото може да се види како инфлуенсерката и нејзината сестра уживаат во свадбата на нивната постара полусестра Кортни.
Кајли напишала кратка порака во која ја опишува Кендал како „девојка со краставици“, алудирајќи на видеото од манекенка кое стана вирално, во кое таа несмасно се обидува да исече краставица.