Маск го критикува "Twitter": „Алгоритмот манипулира со корисниците“

Точка

16/05/2022

21:25

36.450

Големина на фонт

а а а

Илон Маск, извршен директор на компаниите "SpaceX" и "Tesla", истакнал дека алгоритмот на "Twitter" манипулира со луѓето, на многу начини кои тие не ги разбираат.

Идниот сопственик на "Twitter" на својот личен профил на оваа мрежа одлучил да го критикува алгоритмот на популарната платформа. Според неговите зборови, многу е важно корисниците да го поправат својот "Twitter feed".

Маск истакнал дека корисниците се изманипулирани од страна на алгоритмот, на начини кои им се непознати, и дека разликата може да ја забележат кога се префрлаат меѓу "Latest Tweets" и "Home Tweets".

Маск објаснува дека тој не сугерира дека постои "злоба во алгоритмот" , туку дека, во рамките на "Home Tweets" алгоритмот се обидува да покаже на корисникот што сака да прочита, што ненамерно ги манипулирала вашите ставови, а вие не сфаќате дека тоа се случува.

Маск понатаму вели дека постојат и грешки во кодот на "Twitter", а за да се решат истите, потребно е тој да биде отворен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг