Што доколку Џеф Безос може да го запре стареењето? Ова е идејата на „Altos“

Точка

16/05/2022

10:47

9.300

Големина на фонт

а а а

Време и смрт. Некои ги гледаат како две филозофски прашања и суштински делови од човековиот живот.

Други ги гледаат како два проблеми, две препреки за постоењето кои мора да се решат и надминат. Џеф Безос припаѓа во втората категорија.

Во суштина, една од најважните лаборатории која работи во овој правец – кога станува збор за Безос, е биотехнолошката компанија „Altos“, која е основана во текот на минатиот јануари и сместена е на три локации: во областа во Сан Диего, Кембриџ и Велика Британија. Непотврдените извештаи истакнуваат дека извршниот директор на „Amazon“ е неговиот главен финансиер.


Секако, се поставуваат многу прашања во врска со оваа работа, главно од етичка природа. Меѓутоа, тие кои се директно вклучени одговориле на критиките демантирајќи ги лажните гласини кои кружат на интернет.

„Altos“ и неговата пионерска акција

„Идејата која стои зад нашето истражување не е луѓето да живеат 100 или 1.000 години подолго. Доколку можеме да го продолжиме животот без подобрување на квалитетот на тие години, тоа не само што би можело да биде морално прашално, туку би се прашал и кому би му служело“, изјавил развојниот биолог Хуан Карлос.

„Нашата главна цел е да им овозможиме на луѓето да имаат поздрав живот во подолг временски период и да спречиме болести кои им се закануваат на луѓето“.

Тој додал: „Убеден сум дека за две децении ќе имаме алати кои нема да се носат со симптомите, туку ќе можат да предвидат, спречат и излекуваат болести и стареењето низ обновување на клетките. Нашата крајна цел е да пронајдеме нови начини кои ќе им помогнат на сите да го забават или пак да го пренасочат процесот кој доведува до болести“.


Светските експерти тврдат дека индустријата која се занимава со наоѓање на формулата за бесмртност и вечна младост, наредните години ќе процвета.

Според процените, до 2030 година ќе вреди 420 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk