Модната дизајнерка и на 72 години изгледа како да има 30: Тврди дека тајната на нејзината младоликост се крие во 4 секојдневни, прости нешта

Кармин

13/05/2022

14:56

11.717

Големина на фонт

а а а

Годините се само бројка? Дизајнерката Вера Ванг се смее на тоа бидејќи за неа годините се и помалку од тоа.

Познатата Вера Елен Ванг има 72 години, а ѝ се приближува и 73-от роденден кој таа ќе го прослави на 29-ти јули. Ванг изгледа нереално младо поради што разбуди љубопитност кај жените ширум светот кои едвај чекаат да ја дознаат тајната на нејзиниот изглед.

Судејќи по нејзините изјави, нема некои посебни тајни заслужни за младешкиот изглед, освен здравата исхрана, реткото консумирање слатки, умерено сончање, доволно часови сон...


Во свој стил во една прилика одговорила дека за нејзиниот изглед се „виновни“ работата, спиењето, вотката и реткото изложување на сонце.

Коментарите за својот изглед ги отпочна и со вчерашното појавување во Њујорк, на хуманитарна вечер посветена на борба против ракот на дојка.


Лелеавиот виолетов фустан и лентата за коса во иста боја биле нејзин моден избор за оваа важна свеченост, а нејзиниот вкус за облекување никогаш не се доведува во прашање. Вера Ванг е ценето име во светската мода, а интересно е дека ја започнала кариерата како уредничка на „Вог“ во кој се вработила по дипломирање на колеџот Сара Лоренс. Била најмладата уредничка во историјата на овој магазин, а во 1987 година ја напуштила работата и ѝ се придружила на модната куќа Ралф Лорен.


На 40 години стана самостојна дизајнерка на венчаници и со текот на времето креираше препознатлив израз на ова поле.

Венчаниците кои таа ги дизајнирала ги носеа бројни познати ѕвезди како Мараја Кери, Викторија Бекам и Ким Кардашијан.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk