(Видео) Ѝ се појавиле црвени точки на телото, а кога отишла на преглед дознала дека....

Точка

09/05/2022

09:52

25.755

Големина на фонт

а а а

Хелаина Хилард од Ајова објавила дека дознала дека има рак на крвта откако црвените дамки на нејзиното тело брзо се прошириле.

Имено, таа во ноември минатата година по кошаркарскиот тренинг забележала црвени точки на раката. Точките се прошириле по речиси целото тело за само неколку часа. Решила да оди во болница на преглед.

Утврдено е дека црвените дамки всушност се предизвикани од внатрешно крварење. Онкологот тогаш ѝ рекол дека има акутна лимфобластична леукемија во Б-клетките или рак на крвта.


Хелаина изјавила дека нема други знаци на рак и дека се чувствува добро.

„Бев во шок откако ја дознав дијагнозата. Да не отидев веднаш во болница, ќе умрев. Докторот ми рече дека имам среќа“, рекла таа.

Прима трансфузија на крв и оди на хемотерапии на секои десет дена. И покрај сè, се труди да остане насмеана. Својата приказна ја споделила на ТикТок со надеж дека ќе ја покрене свеста за оваа болест.

„Сакам да покажам дека може да се задржи позитивен став кон живот. Многумина ми испратија пораки за поддршка, на што сум им бескрајно благодарна“, заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг