Колку пари чини евровизискиот стајлинг на Констракта?

Кармин

03/05/2022

21:12

8.489

Големина на фонт

а а а

Овогодишната претставничка на Србија за Евровизија, Ана Ѓуриќ – Констракта, во четвртокот отпатува за Торино.

Пејачката ќе настапува во втората полуфинална вечер која ќе се одржи на 12-ти мај, а моментално во тек се дружењата со медиумите и пробите.

Претставничката на Србија привлекла големо внимание во светската јавност, како со својата појава, така и со стајлингот.


Иако во изминатиот период истакнуваше дека никогаш себеси не се преоптоварувала со брендови и гардероба, и дека без проблем се облекува со облека од пазар, сега го „одврзала“ ќесето.

Доколку сакате да изгледате кко Констракта тогаш треба да бидете подготвени да издвоите околу 450 евра за интересните парчиња кои ги носела на конференцијата во Торино.


Таа облекла панталони со широк крој чија цена е околу 200 евра, додека пак белата маица чинела 20-на евра.


Сето тоа Констракта го надополнила со црвена чанта околу струкот, која чинела околу 190 евра, а на нозете носела патики со цена од околу 40-на евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk