(Видео) „Како не им е срам?“: Кардашијанките ја разбеснија јавноста со своето однесување во Дизниленд

Кармин

16/04/2022

12:30

17.121

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан и Клои Кардашијан го посетиле забавниот парк Дизниленд каде побарале посебен третман како познати личности и со тоа предизвикале бес кај јавноста.

„Кога Кардашијанките ќе ја преминат линијата, сами ќе се возат и ќе нè тераат нас обичните луѓе да чекаме и да ги гледаме... Типично“, напишала ТикТокерката Рејчел во видеото на кое се гледаат само сестрите со нивните деца како се возат на рингишпил.


Со видеа и фотографии од забавниот парк се пофалиле и самите Кардашијанки, кои очигледно не гледаат ништо лошо во нивната постапка.

„Ниту принцезата Дајана ова не го направила“, гласи еден од коментарите под видеото, додека друг корисник напишал дека дури и Карди Би еднаш уживала во истото возење, но заедно со другите посетители, само што покрај себе и својата ќеркичка имала обезбедување.

Тој ден сестрите наводно го савеле роденденот на ќерката на Клои, Тру, а за забавата биле издвоени околу 3.000 долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk