Македонската естрада во неверување по смртта на Рахимовски: „Поздрави го Тоше“, „Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам“, „Не верувам. Не сакам да верувам“

Точка

22/01/2022

21:30

11.457

Големина на фонт

а а а

Пејачот на групата „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски почина денеска на 67-годишна возраст.

Ненајдената смрт на Аки ги растежи неговите пријатели и обожаватели од цел регион.

Ова се дел од јавните личности кои со емотивни пораки за последен пат се простија од легендарниот Аки, кој позади себе остави огромен број на хитови кои вечно ќе се пеат.

„Аки мој… Не верувам… Не сакам да верувам…“, напиша Калиопи.

„Со Аки сум се родил, со Аки ќе си умрам…“, вели Игор Џамбазов.

„Аки, почивај во мир кралу… Фала ти за пријателството, убавите моменти, легендарните песни и концерти… Вечна музика. Вечен си и ти. Rock royalty & Music History. Искрено сочуство до семејството и бендот“, напиша Диран Тавитјан.

Аки, почивај во мир кралу... Фала ти за пријателството, убавите моменти, легендарните песни и концерти... Вечна музика....

Posted by Diran Tavitjan on Saturday, January 22, 2022

„Нашиот Аки го нема веќе. Но, затоа неговите безвременски песни ќе останат засекогаш. Слава му…“, се простуваат Драган Спасов Дац и Александар Митевски.

Нашиот Аки го нема веќе..🖤

Но, затоа неговите безвременски песни ќе останат засекогаш. Слава му…

Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Saturday, January 22, 2022

„Со Аки случајно се сретнавме летото 2018 година, веднаш после неговиот инфаркт. И тогаш разговаравме колку всушност малку успешни скопјани имаме низ светот. Во тој разговор, се роди идеата да Аки додека е жив пее за дочек на Нова Година во своето Скопје. И така всушност се договори Парни Ваљак да свири на пречекот на Новата 2018/2019 година. Прекрасен концерт, Аки во топ форма пееше во своето Скопје. Патувај мајсторе“, вели Петре Шилегов во својата објава.

Со Аки случајно се сретнавме летото 2018 година, веднаш после неговиот инфаркт. И тогаш разговаравме колку всушност...

Posted by Петре Шилегов on Saturday, January 22, 2022

„Почивај во мир драг Аки“, кратко напиша Каролина Гочева.


„Дента беа заедно во 'Вртелешка', па отидоа на тонска за Бубамара (Златна Бубамара на популарноста). Каков прекрасен лик беше Аки, горд на своето детство низ скопските маала. Нека ти е светол патот, поздрави го Тоше“, напиша Весна Петрушевска.

Дента беа заедно во "Вртелешка " па отидоа на тонска за Бубамара Златна Бубамара на популарноста ❤️🖤каков прекрасен лик...

Posted by Vesn Bejbimama Petrusevska on Saturday, January 22, 2022

Инаку, Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си.

Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во Скопје и се договорил да го пречека на аеродромот во Македонија, пишува „Вечерњи.хр“.

Рахимовски неколку минути пред смртта му се јавил и на познатиот клавијатурист на некогашниот бенд Тајм, Тихомир Поп Асановиќ, со кој е во постојан контакт, но Асановиќ немал мобилен телефон со себе и дури подоцна видел пропуштен повик од пријателот. Тажната вест го шокиеала и него, бидејќи, како што рекол, имале многу заеднички планови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг